3.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Арапите ги наполнија касите на екипите кои играа во италијанскиот Супер куп

Наполи со победата над Болоња од 2-0 дојде до трофејот од италијанскиот Супер куп кој се играше во Саудиска Арабија, а тоа значи и значителна финансиска инјекција за нивната каса.

Екипата за која настапува Елиф Елмас за освоениот трофеј ќе добие награда од 9,5 милиони евра, додека поразената Болоња добива награда од 6,7 милиони евра.

Миланските ривали Интер и Милан, кои беа елиминирани во полуфиналето, ќе заработат по 2,4 милиони евра, додека сите останати екипи од Серија А кои ќе победат, ќе добијат вкупна сума од два милиони евра.

Сепак, касата на Наполи и дополнително ќе се наполни бидејќи како освојувачи на Суперкупот на Италија ќе играат против победникот на истото натпреварување во Саудиска Арабија и за тоа ќе добијат дополнителни 1,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести