Арапите нема да штедат: Винисиус има понуда од една милијарда евра по сезона!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисус, има шанса да стане најплатениот фудбалер во историјата доколку ја прифати понудата од Саудиска Арабија. Арапите му нудеа петгодишен договор вреден една милијарда евра, односно по 200 милиони евра годишно, но сега го кренаа влогот.

Понудата сега изнесува една милијарда евра годишно, или пет милијарди евра за петгодишен договор. Освен тоа, Винисиус ќе се прашува и за спортската политика на клубот, но ќе биде и заштитно лице на Светското првенство кое во 2034 треба да се одржи во Саудиска Арабија.

Бразилецот во Реал Мадрид дојде во 2018, а оттогаш одигра 279 натпревари, на кои постигна 91 гол.

- Оглас -

Најнови вести