Атлетико Мадрид на свој терен со 0:1 загуби од Бетис во меч од 23 коло на шпанското првенство. Интересно е дека пред само три дена, Атлетико го победи Бетис на гости во Купот со убедливо 5:0, но сега на свој терен загуби во првенството.
Моментот кој го реши мечот се случи во 28 минута кога Антони даде гол за гостите и тој на крајот беше доволен за освојување на три бода.
Атлетико со сите сили се обидуваше да израмни. Домаќините дадоа гол во 74 минута, но беше поништен поради милиметарски офсајд.
По овој пораз, Атлетико остана со 45 бодови на третото место и сега има дури 13 помалку од лидерот Барселона. Бетис со овие три бода стигна до 38 вкупно и е на петата позиција на табелата.


