Арапите подготвени да го купат и некогашниот континентален првак, а сега второлигаш

Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија на чело со Принцот Мохамед Бин Салман од неодамна стана газда на англискиот премиерлигаш Њукасл. Најбогатото семејство во целиот свет, одвои 320 милиони евра за добивање на сопствеништвото врз еден од најпознатите англиски клубови.

Според најавите од Бразил, Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија има намера да се шири во светот на фудбалот и следна цел е да купи клуб во најфудбалската земја во светот. На мета е некогашниот славен клуб Крузеиро, кој е во голема криза.

Во 2019 година Крузеиро за прв пат во својата историја испадна во втора лига и сега се мачи повторно да се врати во елитното друштво. Крузеиро е клуб со богата историја. Два пати бил освојувач на Копа Либертаорес, натпреварување кое е на исто ниво како Лигата на шампиони во Европа. Во клупските витрини има трофеи за државен првак, регионален шампион, како и повеќекратен освојувач на националниот Куп.

Во Крузеиро поминале голем број на славни фудбалери како што се Роналдо, Ривалдо, Жаирзињо и Маикон, а сега на клупата е прославениот тренер Вандерли Луксембурго. Екипата моментно е на 11 место во Втора лига и мали се шансите да се бори за влез во повисок ранг.

 

- Оглас -

Најнови вести