Арапите подготвуваат нова понуда за Салах, а Клоп замената за него ја најде во Атлетико Мадрид

Екипата на Ливерпул ја одби првата понуда на Ал-Хилал за Мохамед Салах, а арапите сега подготвуваат нова. Јирген Клоп исто така изјави дека сака египќанецот да остане на “Енфилд роуд“, но сите во Ливерпул се свесни дека тешко ќе можат да го задржат Салах на Островот, пред се поради одличните услови кои му ги нуди клубот од Саудиска Арабија.

Клоп и раководството на Ливерпул не стојат со скрстени раце и веќе ја бараат замената за Салах. Изборот падна на репрезентативецот на Португалија, Жоао Феликс, кој е на излезна врата од Атлетико Мадрид.

Тој неодамна изјави дека сака да ја продолжи кариерата во Барселона, но понудата од Ливерпул може да го предомисли. Атлетико Мадрид е подготвен да го ослободи без обесштетување, само доколку фудбалерот се откаже од преостанатите плати од договорот, што веројатно ќе биде прифатливо и за самиот Феликс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести