Арасате: „На фотографијата е Будимир, но ова е успех за целата екипа“

Екипата на Осасуна по 16 години, првпат ќе игра во европските фудбалски купови откако избори пласман во квалификациите за Конференциската лига. Најзаслужен за ваквиот успех на клубот од Памплона, кој играше и во финалето на Купот на Шпанија и беше поразен од Реал Мадрид, е хрватскиот напаѓач Анте Будимир.

По големиот успех, тој се најде на насловните страници на шпанските весници, а тренерот на Осасуна, Баскиецот Арасате, имаше свој коментар.

„Будимир е на фотографијата, но ова е успех на целата екипа, на целото наше семејство. Сите играчи го дадоја максимумот за сега да можеме да уживаме во седмото место“, беше кус Арасате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести