Реал Мадрид вечерва го очекува незгодно гостување кај Валенсија. „Кралевите“ ќе се обидат да го совладаат нашиот Столе Димитриевски, а тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, е реален и вели дека се уште се далку од максимумот.
„Фокусиран сум на работата. За да победуваат, големите тимови мора да прават многу работи добро. Мора да бидеме способни да извршуваме повеќе задачи истовремено, да реагираме автоматски и да размислуваме на ист начин. Тоа се постигнува со часови напорна работа и посветеност. Менталитетот останува исто толку добар како и претходно. Нè очекува тежок натпревар со Валенсија, а оваа недела се фокусиравме на понатамошно унапредување во сите аспекти на играта. Сè уште сме далеку од нашиот максимум.“ – рече Арбелоа пред гостувањето на „Местаља“.

