Арда Туран ќе биде нов тренер на Шахтар Донецк

Арда Туран, некогашниот креативец на Галатасарај, Атлетико Мадрид и на Барселона, официјално ја започнува својата нова авантура како тренер на Шахтар Донецк. Турчинот веќе ставил потпис на договорот кој ќе го задржи на чело на украинскиот гигант до летото 2027 година, а неговата официјална промоција е прашање на денови.

Туран ја презема клупата од Марино Пушиќ, кој не успеа да ја донесе посакуваната титула во Украина, цел која Шахтар традиционално ја поставува секоја сезона. Клубот од Донецк очекува нова енергија и фудбалска визија од 38-годишниот стратег, кој претходно го водеше Ејупспор во турската Суперлига.

Во својата прва комплетна сезона како тренер, Туран го водеше Ејупспор до солидно шесто место, оставајќи впечаток со дисциплинирана и модерна игра. По заминувањето од клубот, Арда откри дека добил дури четири понуди од странство, а го избра токму Шахтар како идеално место за следниот чекор во тренерската кариера.

Со ангажманот на Арда Туран, украинскиот шампион добива млад и амбициозен тренер со богато фудбалско минато и желба да се докаже на меѓународната сцена.

Очекувањата се големи, а новата ера на Шахтар започнува под водство на човек што добро знае како се освојуваат титули како играч, а сега сака да го направи тоа и како тренер.

- Оглас -

Најнови вести