Поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид и Барселона, Арда Туран, кој сега е тренер на украинскиот Шахтјор Доњецк, повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради фудбал.
По натпреварот против Бешикташ, 37-годишниот Турчин даде интервју, но неговиот говор на телото привлече повеќе внимание отколку самите изјави. За време на разговорот со убавата новинарка Дарија Бондар Савина, Туран ниту еднаш не воспостави контакт со очи, постојано гледајќи настрана или кон земјата.
Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика разни реакции – од шеги до шпекулации. Некои корисници сметаат дека Туран е премногу срамежлив, додека други веруваат дека тоа е знак на почит кон неговата сопруга Ашлихан Доган.
Арда Туран е во брак со неа од 2018 година, а на нивната свадба кум беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Интересен е и фактот што ова не е првпат Туран да се однесува на ист начин во разговор со истата новинарка. И минатата сезона, по еден натпревар од Лигата на Европа, Дарија Бондар Савина го интервјуираше, а Туран и тогаш избегнуваше било каков визуелен контакт.
Што се крие зад ваквото однесување на турскиот тренер, засега останува непознато.