21.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Аргентина без Лео Меси поразена во Еквадор (Видео)

Светскиот шампион Аргентина доживеа неочекуван пораз со минимални 0-1 на гостувањето кај Еквадор, иако претходно веќе си го осигури пласманот на Мундијалот 2026 и првото место во квалификациите од зоната КОНМЕБОЛ.

Аргентинците настапија без капитенот и најголемата ѕвезда Лионел Меси, кој доби одмор.

Двата тима завршија со по десетмина играчи, 37-годишниот Николас Отаменди беше исклучен уште во првото полувреме, а пет минути по продолжението од мечот, играчот за врска на Челзи, Мојзес Каиседо, доби втор жолт картон и мораше да ја напушти играта.

Првото полувреме беше продолжено повеќе од петнаесет минути, а токму тогаш, во 13-тата минута од надополнувањето, Енер Валенсија погоди од пенал и го донесе триумфот на Еквадор.

Со оваа победа Еквадор заврши на второто место на табелата, со осум бода помалку од Аргентина.

Останатите два натпревара немаа значење за конечниот пласман. Перу загуби од Парагвај со 0-1, откако Матијас Галарса погоди во 78-мата минута. Во исто време Чиле се обиде да ја избегне последната позиција, но одигра само 0-0 против Уругвај и ги заврши квалификациите на дното само со две победи.

- Оглас -

Најнови вести