3.8 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Аргентина го очекува спектакуларниот трансфер: Дибала се враќа во татковината

Пауло Дибала веќе 13 години со успех настапува во Италија, но неговиот договор со Рома истекува налето, а според последните информации, Аргентинецот нема намера да го продолжи.

За него има интерес од неколку европски екипи, како и од Саудиска Арабија и од САД, но Дибала сака да се врати во татковината, и тоа во екипата на Бока јуниорс.

Аргентинецот сака да биде лидер на екипата и да настапува во Копа Либертадорес, а во Аргентина веќе наголемо се пишува за неговото враќање.

Дибала во 2012 година направи трансфер од Институто во Палермо за 11,9 милиони евра, а три години подоцна беше продаден на Јувентус за сума од 41 милион евра.

Доколку се остварат најавите и Дибала потпише во Аргентина, тоа со сигурност ќе биде најголемиот трансфер во последните години во земјата на светскиот шампион, а тој најголема ѕвезда во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести