Аргентина и без Меси е пресилна за Бразил, Гаучосите им нанесоа тежок дебакл на Кариоките (Видео)

Аргентина во стил на светски првак го прослави пласманот на Светското прввенство 2026, го понижи ривалот Бразил со 4-1 во меч во Буенос Аирес.

Гаучосите уште од далечната 1959 година немаа дадено четири гола против Кариоките на официјален натпревар. Ова е првпат Бразил да прими четири гола во меч од квалификации за СП и првпат во едни исти квалификации двапати губи од ист ривал.

Кај домашните го немаше Лионел Меси, но Аргентинците беа многу мотивирани и веќе во четвртата минута преку Хулијан Алварес поведоа со 1-0. Во 12-тата веќе беше 2-0 кога погоди Енцо Фернандес. Следуваше погодок на Куња за 1-2, но на полувреме се замина со 3-1, откако во листата на стрелци се запиша и Алексис Мекалистер.

Конечните 4-1 ги постави Џулијано Симеоне во 71-вата минута. Аргентина имаше време да даде и петти гол, што ќе беше прва нивна петарда против најголемиот ривал, но не го направија тоа.

Ова е голот на Симеоне кој стави точка на голеадата:

- Оглас -

Најнови вести