Фудбалерот на аргентинскиот клуб Естудијантес, Енцо Калински, утрово на дуелот со Индепендиенте постигна фантастичен гол каков што не е виден одамна.
Калински ја прифати топката на 16 метри, сам си ја подигна, а бидејќи беше свртен со грб кон голот, реши да изведе акробација и да шутне со ножички. Топката заврши во мрежата, со што ги дотолчи гостите и на Естудијантес му донесе водство од 3-0, што беше и конечен резултат.
Ова ремек-дело веројатно следната година ќе биде вброено меѓу кандидатите за гол на годината во изборот на ФИФА. За годинава е доцна, веќе се објавени кандидатите за наградата „Пушкаш“.
https://www.youtube.com/watch?v=dueKnZgNKcY
Калински, презиме кое се среќава и во Македонија, има полско потекло (неговиот прадедо е Полјак), има 32 години, а пред 33 години на меч против Полска, падна еден ваков сличен гол во изведба на еден друг Енцо, уругвајската легенда Франческоли.
Ова е голот на Франческоли од пријателскиот меч на Ривер плејт со репрезентацијата на Полска: