Нема дилеми дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во американската МЛС лига, но таму играат и други одлични Аргентинци кои не се толку познати, а еден од нив е Лучо Акоста, кој од 2021 година е член на Синсинати.
Акоста синоќа против Шарлот постигна гол кој е најубав во досегашниот тек од сезоната во МЛС.
Аргентинецот кој е далеку понизок и од Меси, дете е на Бока јуниорс, а има број 10 на дресот, направи соло акција која ја заврши со одличен шут во горниот агол.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1705760807869448524