Аргентинска инвазија во Катар, ќе има 40.000 навивачи во сино-бела боја на трибините за дуелот против Хрватска

Според проценките на амбасадата на Аргентина во Катар, се очекува помеѓу 35.000 и 40.000 навивачи од оваа јужноамериканска земја да пристигнат во земјата домаќин на Светското фудбалско првенство, пренесува АФП. Тоа треба да е најголемиот контингент на навивачи кои ќе дојдат во Катар, со што ќе се надмине бројката на фанови кои присуствуваа на првиот меч против Саудиска Арабија, како и на дербито против Мексико, кој беше и најпосетен натпревар досега на СП.

Полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска ќе се игра на стадионот „Лусаил“, кој полека како да станува копија на „Ла Бомбоњера“ или „Монументал“ во Буенос Аирес, затоа што Аргентина на овој стадион веќе играше три пати.

Речиси сите фудбалери на Аргентина се едногласни дека секој меч го играат со срце за 45-те милиони Аргентинци кои веќе 36 години чекаат да се израдуваат на планетарниот трофеј.

- Оглас -

Најнови вести