Аргентинска сапуница – Суперкласико ќе се игра утре од 21 часот

Суперкласико втор дел ќе се игра утре од 21 часот, а конечната одлука е со одобрение на челниците на јужноамериканската федерација.

Инцидентот што го направија навивачите на Ривер Плата со напад на автобусот со играчи на Бока јуниорс сепак имаше сериозни последици по фудбалерите на гостинскиот тим. Тие сепак ќе имаат време од еден ден да се вратат од шокот и да го играат реваншот во финалето на Копа Либертадорес, на полниот „Ел Монументал“, кој е дома на Ривер Плата.

И првиот меч беше одложен, па на „Ла Бомбоњера“, каде домаќин е Бока јуниорс првично не се играше во закажаниот термин, но тогаш причина беше големото невреме. Сега пак има одложување, но од многу посериозна причина, а тоа е атакот на домашните навивачи на автобусот со играчи на Ривер Плата.

Првиот меч заврши нерешено, 2:2, но во јужноамериканската Лига на шампиони, или како што се нарекува Копа Либертадорес, не важи правилото за повеќе голови на гости при израмнет резултат на двата меча, па реваншот и двете екипи ќе го почнат без предност.

 

- Оглас -

Најнови вести