Играчите на Бока смртно исплашени, но ќе мора да играат во 23:15 часот (Видео)

Ново одложување на реванш мечот од финалето во Купот Либертадорес, но најавено е дека вечерва ќе се знае новиот првак на Јужна Америка. Според најавите, новиот термин за старт на мечот е 23:15 часот. Иако играчите на Бока јуниорс се смртно исплашени од тоа што го доживеаа при влезот на стадионот „Монументал“, сепак ќе мора да играат.

Дури и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино имал состанок со челниците на КОНМЕБОЛ и претседателите на двата клуба, на кое било потенцирано дека мора вечерва да се игра поради телевизиските реклами кои се платени. Доколку Бока одбие да игра вечерва, Ривер автоматски ќе ја добие шампионската титула.

Тројца играчи на Бока беа повредени по нападот на автобусот на гостите. Најлошо помина капитенот Пабло Перез кој мораше да оди во болница, каде биле констатирани повреди на левото око. Тој вечерва сигурно нема да игра, што секако е голем хендикеп за гостите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести