Матео Колонел постигна брилијантен гол од огромна далечина за Атлетико Тукуман, со што ја запечати победата од 4:0 против Баракас сентрал во најсилната аргентинска лига.
Играчите на лидерот во 93-тата минута се бранеа и изгледаше дека гостите ќе им дадат гол, но потоа молневито се сврте ситуацијата и топката од блок се одби до Колонел, кој погоди од далечина од над 60 метри.
Голот е прекрасен, а голманот на Баракас сентрал беше излезен далеку од шеснаесетникот и беше немоќен да спречи и четврти погодок во неговата мрежа.
Atlético Tucumán [4] – 0 Barracas Central – 90+3′ Mateo Coronel (great goal from behind the halfway line) from soccer
Тимот од Тукуман е најпријатното изненадување по 15 кола во Аргентина и е лидер со 32 бода.