8.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Аргнетина убедлива на пријателски меч, од домаќините на СП победи само САД (Видео)

Октомврискиот прозорец на ФИФА и официјално беше затворен со неколку пријателски натпревари кои се одиграа во Северна Америка, а учесници беа домаќините на следниот Мундијал, но и актуелниот светски шампион.

Аргентина без проблеми и убедливо со 6-0 славеше над Порторико. Лионел Меси иако не успеа да се запише во листата со стрелците, сепак двапати асистираше со што дојде до бројка од 60 асистенции за Аргентина, но и 398 во кариерата. Сега му недостасуваат само уште две асистенции за да ја пробие границата од 400 асистенции во кариерата.

Од домаќините на следното Светско првенство, победи само САД и тоа со 2-1 над Австралија. Канада одигра 0-0 против Колумбија, додека Мексико и Еквадор ремизираа, 1-1.

- Оглас -

Најнови вести