Поранешниот прославен тренер на Милан и поранешен селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Ариго Саки, откри дека има намера да се врати на тренерската работа на 78-годишна возраст речиси 25 години по неговиот претходен тренерски ангажман.
Саки го предводеше Милан до две титули европски првак, во 1989 и 1990 година, а со италијанската репрезентација стигна до финалето на Светското првенство во 1994 година. Последен клуб му беше Парма во 2001 година.
Работеше и како директор за фудбал на Реал Мадрид во 2004-2005 година, подоцна беше и технички координатор на младинските национални тимови на Италија помеѓу 2010 и и 2014 година
Саки тврди дека имал разговори со тимови во повеќе различни земји во Европа и Јужна Америка.
„Размислувам да се вратам на тренерската работа во Италија или во странство. Имам неколку опции, но не знам дали тоа ќе биде во Италија бидејќи имам една маана, го кажувам она што го мислам. Имам опции во Бразил, Аргентина, Шпанија и многу други“, рече Саки.