Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка, успеа да го одбрани трофејот на САД опен, откако во финалето ја совлада домашната натпреварувачка, Аманда Анисимова, со максимални 2-0.
Првиот сет изобилуваше со пресврти. Белоруската тенисерка поведе со 2-0, но Анисимова направи пресврт и дојде до водство од 3-2. Сепка, Сабаленка до крајот на сетот освои четири гејма по ред и го освои сетот со 6-3.
Во вториот сет, Сабаленка имаше водство од 5-3, но Американката успеа да спаси меч топка и да израмни на 5-5, а потоа да го одведе сетот и во тај-брејк. Сепак, таму загуби со 7-3 на поени.
За Сабаленка ова е четврти трофеј од грен-слем турнитите, по два од САД опен и Вимблдон.