Четири натпревари се играат вечерва во НБА-лигата, а според квотите за конечен тип, три треба да бидат „зицери“ за обложувачите.
Бостон, кој е второпласиран на Истокот, би требало да триумфира во Милвоки, тоа важи и за Хјустон и Денвер, кои гостуваат во Вашингтон, односно во Солт Лејк сити.
Тесно може да биде во Сан Франциско, каде што гостува ЛА клиперс, а и тука фаворити се гостите затоа што кај Голден стејт ќе го нема Стеф Кари.
Има и листа од над 40-мина кошаркари на кои може да погодувате колку поени ќе постигнат, таму се и ѕвезди од типот на: Јокиќ, Џамал Мареј, Дурант, Шенѓун, Џејлен Браун, Каваи Ленард.


