Заштитниот слоган на Ливерпул е „Никогаш нема да одиш сам“, а тоа е и химната на навивачите на овој англиски гигант. Дека тоа не е само слоган туку за тоа навистина се мисли нешто, се потврди со уште еден потег кој го направи Ливерпул.
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека сопствениците на клубот Фенвеј спортс груп (ФСГ) го исплатија целосниот договор на Диого Жота и парите се дадени на неговото семејство.
Жота трагично загина летово во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва. Двајцата патуваа од Шпанија кон Англија, кога при голема брзина се дупна гумата на „ламбурџинито“ што го возеа и излетаа од патот. Веднаш потоа возилото се запали и двајцата браќа не можеа да бидат спасени.
„Начинот на кој ФСГ постапи во оваа ситуација заслужува голема почит. На неговата сопруга и на децата им беше исплатен целиот договор што го имаше Диого Жота со клубот. Многу луѓе мислат дека тоа е нормално, но во фудбалот тоа не е вообичаено“, вели Слот, кој потсети дека сите во клубот биле потресени од трагедијата која се случи и, секако, посака тоа веќе никогаш да не се повтори.