„Газета“: Данска ќе го бојкотира Мундијалот, а тоа би значело дека Македонија ќе стигне на чекор до СП 2026?

Политиката што во моментов ја спроведува американскиот претседател Доналд Трамп би можела индиректно да ѝ оди во прилог на Македонија во трката за пласман на Светското првенство, кое летово ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Како што пренесува италијанскиот весник „Газета дело спорт“, сè повеќе европски репрезентации размислуваат за можен бојкот на Мундијалот поради затегнатите односи со Соединетите Американски Држави.

Она што е особено важно за македонската репреентација е фактот што протестот го иницира Данска, репрезентацијата со која Македонија треба да се соочи во полуфиналниот бараж. Причината е барањето на Трамп – Гренланд, кој моментно е под данска управа, да биде анектиран кон САД.

Во случај Данска навистина да се повлече од натпреварувањето, Македонија автоматски би се пласирала во финалето на баражот, каде што би играла против победникот од дуелот меѓу Република Ирска и Чешка.

- Оглас -

Најнови вести