Ливерпул може да биде задоволен само од резултатот на мечот против Нотингем Форест, но во никој случај од играта, која беше далеку од шампионска. „Црвените“ победија со гол на Алексис Мекалистер во 97-мата минута и така се искачија на четвртата позиција.
„Ако постигнеш гол во последната минута, секогаш има елемент на среќа, но толку многу пати оваа сезона го доживеавме токму спротивното. Ремито ќе беше поправеден резултат отколку нашата победа. Првото полувреме беше тешко, бидејќи Форест играше многу добро. Ја губевме секоја топка. Не можевме да ја задржиме ни една секунда. Единствениот дел од играта што функционираше добро беше одбраната во нашиот шеснаесетник. Во второто полувреме видов нешто малку поразлично – ја презедовме контролата врз играта. Можеби влијание имаше и тоа што тие играа во четврток. За првпат оваа сезона тоа беше предност за нас – противникот играше во текот на неделата, а ние одморавме.“ – рече тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

