Арсенал со 3:1 го победи Лестер во последниот меч од 9. коло. „Топчиите“ губеа со 0:1, но успеаа да направат целосен пресврт и да стигнат до трите бода. Пјер Емерик Обамејанг беше херојот. Откако влезе како резерва во второто полувреме, даде два гола за победа.
Посебно добра беше акцијата која потсети на играта на лондонскиот тим од пред 15-тина години, а на крајот Обамејанг погоди. Такви погодоци постигнуваа кога во тимот беа Тјери Анри, Роберт Пирес, Денис Беркамп, Патрик Виеира. Сега е нова генеранија на теренот, но акциите за погодоците се прекрасни.
За Арсенал ова е 10-та победа по ред во сите натпреварувања, покажувајќи дека тимот е во одлична форма.