Арсенал е машина што не се гаси, сигурно победува и во Европа (Видео)

Арсенал е во брилијантна форма и победува на сите фронтови, а вечерва на „Вембли“ го урна и поранешниот европски првак ПСВ Ајндховен и сега е во интересна ситуација, со прво место во А групата во Лигата на Европа и лидерска позиција во Премиер лигата.

Гранит Џака со гол во 71-вата минута го реши мечот што беше заостанат во овој циклус на Лигата на Европа.

Арсенал доминираше во сите сегменти на фудбалската игра, им дозволи на гостите само еднаш да шутнат во рамките на голот на Мет Тарнер, кој ја сочува мрежата без примен гол.

На Арсенал му треба само уште еден бод за да обезбеди осминафинале во Лигата на Европа, а моментно е на првото место во А групата со сите четири победи и максимални 12 бода.

ПСВ Ајндховен, кој беше европски првак во 1988 година, има 7 бода на второто место, пред Бодо/Глимт со четири бода и Цирих без бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести