Арсенал е последната пречка на Манчестер сити до ново финале во ФА купот (видео)

Манчестер сити е последниот патник во полуфиналето од ФА купот откако бранителот на трофејот со рутинирани 2-0 славеше на гостувањето кај Њукасл. Граѓаните ја комплетираа ефикасноста на гостинските екипи во четвртфиналето и исто како Манчестер јунајтед, Арсенал и Челзи се пласира во следната фаза со победа далеку од домашниот стадион.

Тимот на Пеп Гвардиола ќе ги одмери силите против Арсенал на „Вембли“ на 18 или 19 јули, меч во којшто ќе се обиде да избори пласман во ново финале во најстарото фудбалско натпреварување. Де Бројне и Стерлинг го одведоа Сити до завршницата во Лондон.

Вториот полуфинален пар е Манчестер јунајтед – Челзи.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1277315831425142784

- Оглас -

Најнови вести