1001 Вулверхемптон – Арсенал (21 ч.)
Дуел на последниот и првиот на табелата во Премиер лигата. Вулверхемптон е очаен дома и има дури 10 порази во 13 меча, па би било чудо ако се спаси во дуелот со Топчиите.
Арсенал влезе во мини-криза и има само две победи во последните шест кола, па ова гостување кај најслабиот доаѓа во најдобар можен период. И традицијата вели дека Арсенал има девет победи по ред против овој ривал, па сега се очекува јубилеен 10 триумф.
Предлог тип: 2-2&3+ (2.50)
6008 Бодо/Глимт – Интер (21 ч.)
Бодо/Глимт е најпријатното изненадување во ЛШ сезонава. Норвешкиот првак во групната фаза во последните две кола ги победи Манчестер сити дома со 3:1 и Атлетико Мадрид на гости со 2:1, па сега предизвик ќе биде и дуел против Интер.
Ладното време е во корист на домаќините, а Бодо/Глимт е тим кој игра без многу калкулации, па често дава, но и прима голови.
Предлог тип: ГГ3+ (1.80)
3008 Милан – Комо (20:45 ч.)
Милан на свој терен секогаш е фаворит за победа, но Комо е одличен и се бори за излез во Европа. Росонерите во 25 кола имаат само еден пораз, што доволно зборува за нивната сила.
На последните четири меча на овие ривали секогаш било ГГ3+, што значи дека може да се очекува возбудлив дуел.
Предлог тип: 1Х&2-5 (1.91)
1309 Леванте – Вилјареал (20 ч.)
Леванте е претпоследен на табелата и ќе биде чудо ако се спаси да не испадне сезонава затоа што веќе доцни седум бода од сигурната зона. Вилјареал е одличен и е на третото место веднаш зад Реал и Барса, што доволно кажува кој е фаворит вечерва.
Вилјареал во просек дава речиси два гола по меч, а Леванте ја има најслабата одбрана во лигата.
Предлог тип: 2 & 1+I & 1+ II (2.70)
6006 Бриж – Атлетико Мадрид (21 ч.)
Атлетико е фаворит, но традицијата малку е чудна. Во последниве осум години овие два тима играле четирипати, а на последните три, Атлетико не успеал да даде ниеден гол. Двапати било 0:0, а еднаш Бриж победил со 2:0.
Ако се знае дека и сега се работи за меч од нокаут-фазата во ЛШ, може да има многу калкулации и тактизирања и дуел со малку погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.70)

