Арсенал го фати последниот воз – Топчиите го потврдија трансферот на Давид Луиз

Давид Луиз ќе игра за Арсенал, а топчиите на својот клупски сајт го потврдија трансферот на бразилскиот ас, кој стаса од соседството, од лондонски Челзи.

Навивачите на Арсенал стравуваа дали ќе се испочитува токот за летни траснфери во Англија што заврши вечерва во 18 часот, но раковдоството на топчиите очигледно навреме ги испрати документите за регистрација на стоперот.

Луиз потпиша двегодишен договор со Арсенал за сума од 10 милиони фунти. Неколку часа претходно клубот од Лондон го престави и Кјеран Тирни, левиот бек на Селтик.

- Оглас -

Најнови вести