Арсенал го купува Влаховиќ, го понуди Габриел Жезус и дополнителни 20 милиони евра

Душан Влаховиќ, напаѓачот на Јувентус, сега е поблиску од кога било до премин во Арсенал, а преговорите меѓу двата клуба веќе интензивно се одвиваат, тврдат медиумите на Островот. Иако неколку клубови покажале интерес за Влаховиќ, сепак најконкретен во преговорите е Арсенал.


Откако Душан Влаховиќ дал зелено светло за преселба во Лондон, Арсенал реши да се ангажира во реализацијата на овој трансфер.

Арсенал е подготвен да понуди размена на играчи, а во Торино сериозно го разгледуваат доаѓањето на Габриел Жезус, кој би можело да биде дел од трансферот. Покрај тоа, Арсенал понудил и дополнителни 20 милиони евра, што би можело да биде доволно за Јувентус да ја прифати понудата.

Габриел Жезус, кој оваа сезона нема голема минутажа во Арсенал, исто така покажал интерес за трансфер во Јувентус бидејќи не е задоволен од својот статус кај менаџерот Микел Артета.


За Влаховиќ ова би било идеално сценарио бидејќи очигледно сака што е можно побрзо да го напушти Јувентус. Изгледа дека Арсенал е најдобро позициониран за да го доведе, а сè може да биде решено веќе во јануари.

- Оглас -

Најнови вести