Арсенал го потврди кралското засилување

Арсенал го официјализира ангажманот на Мартин Одегард од Реал Мадрид, кој во Лондон пристигна на позајмица до крајот на сезоната.

Офанзивниот играч за врска привремено ќе ги брани боите на Топчиите, но во договорот склучен со Кралевите нема опција за откуп на услугите на Одегард.

Норвежанецот беше во потрага по поголема минутажа откако изминатиов период беше запоставен од страна на Зинедин Зидан, па позајмицата во Арсенал беше сосема логичен потег.

Артета воедно доби креативец на кого ќе може да смета откако клубот се ослободи од Месут Озил минатата недела.

https://twitter.com/Arsenal/status/1354391240842862593

- Оглас -

Најнови вести