28.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Арсенал го замолна „Олд Трафорд“, Калафиори е херојот на гостите (Видео)

Арсенал на одличен начин ја отвори сезоната во Премиер лигата славејќи на дербито против Манчстер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 0-1. Дефанзивецот Рикардо Калафиори беше херој на Топчиите, откако го постигна победничкиот гол во 13-тата минута од дуелот.

Калафиори ја искористи лошата интервенција на голманот Алтај Бајиндир, кој не ја боксуваше најдобро топката, а таа дојде до италијанскиот интернационалец кој ја погоди мрежата.

Микел Артета од стартот му даде шанса на Виктор Ѓокереш, а Рубен Аморим го остави Бењамин Шешко на клупата. Сепак, му даде шанса во последните триесетина минути, но и тој не успеа да постигне погодок за израмнување.

Најубавата можност ја имаше Брајан Мбеумо со удар со глава, но Давид Раја успеа да одбрани.

- Оглас -

Најнови вести