Арсенал игра за спас на сезоната, Сити планира да го брани пехарот

Арсенал – Манчестер сити (20:45ч)

Во последните два меѓусебни дуели, Арсенал прими шест, а не постигна ниту еден гол против Манчестер сити. Сепак, тука се работи за битка за пласман во финалето на најстарото фудбалско натпреварување во светот, а тоа е доволен мотив за избраниците на Микел Артета, односно за тимот со најмногу трофеи во ФА купот да се покаже во добро светло.

Сити пак, има намера да се најде во ситуација да го брани пехарот, за тоа секако ќе треба да се совладаат Топчиите. За екипата на Пеп Гвардиола не би требало да претставува проблем да се дојде до пласман во финалето, ако се знае дека Граѓаните во последните седум меѓусебни средби редовно сместувале по три гола во мрежата на Арсенал.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05)

 

Милан – Болоња (21:45ч)

Болоња покажа дека е незгодна за екипите кои се пред неа на табелата во Калчото, но против Милан не памети добри партии во изминативе неколку сезони. Росонерите добија четири од последните пет средби со Болоња, односно имаат три победи во низа на домашен терен.

Милан воедно се бори за пласман во Лигата на Европа, па токму затоа само триумф е опција за Стефано Пиоли и неговите играчи, што ќе биде добро и за продолжување на низата без пораз откако продолжи натпреварувањето во Серија А.

Предлог тип: 1 & T12+ (1.80)

 

Верона – Аталанта (17:15ч)

Верона си има свои пресметки дека може да конкурира за пласман во ЛЕ, меѓутоа Аталанта е во извонредна форма и како најефикасна екипа во Калчото ќе цели на нов триумф. Гасперини и неговите избраници сметаат дека може да се стигне лидерот Јувентус во последните пет кола, иако за денес Иличиќ и Мурел нема да бидат во комбинација за настап.

Аталанта има три победи по ред против Верона со гол-разлика 11-2, голгетерскиот потенцијал не се доведува до прашање, туку до колку Божицата од Бергамо ќе брои денес.

Предлог тип: 2 & 1+I (1.67)

 

Норвич – Барнли (18:30ч)

Норвич одамна си ја знае судбината дека од следната сезона повторно ќе биде во Шампионат лигата, додека Барнли сонува да заврши на едно од топ 10 местата во Премиер лигата. Стојат точно на средина на табелата, Арсенал е пред нив со два бода повеќе, па би било добро за тимот на Шон Дајч да му ги помати сметните на Артета и неговите Топчии на две кола до крајот на првенството.

Просекот од три гола во меѓусебните дуели ќе се оствари и денес, со оглед на тоа дека Канаринците играат без притисок, а ќе биде добро за нив да ја прекинат лошата серија од осум порази откако продолжи сезоната.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.96)

 

Мидлзбро – Кардиф сити (16ч)

Кардиф е во „мртва“ трка со Милвол за последното, шесто место во Шампионат лигата кое води во разигрувањата за пласман во англиската елита. На две кола до крајот на регуларниот дел, велшкиот состав има два бода повеќе од Милвол и потребна им е победа на гостувањето кај Мидлзбро за биде чекор поблиску до остварување на плановите.

Мидлзбро пак, е во незгодна ситуација и оди по потврда на второлигашкиот статус, бидејќи има само пет бода предност во однос на 20-то пласираниот Хал. Кардиф памети две победи на последните пет гостувања на „Риверсајд“, а во ситуација кога Мидлзбро слави победа средбите редовно завршуваат со полни мрежи на двете страни.

Предлог тип: X2 & ГГ (2.65)

- Оглас -

Најнови вести