Арсенал играше „машки“ ама Манчестер сити покажа зошто е шампион во Премиер лигата (ВИДЕО)

Првиот натпревар од новата година во Премиер лигата беше спектакл донесе сè што може едно дерби да донесе.

Арсенал и Манчестер сити одиграа 1:2, а домашниот тим по оваа средба ќе има секакво право да ги обвинува судиите.

Тимот од Лондон одигра фантастично прво полувреме и со голот на Букајо Сака во 31-та минута, поведе со 1:0.

А во првиот дел, по по еден дуел на Едерсон и Мартин Одегард, се чинеше дека има контакт од страна на голманот, но, судиите на теренопт и во ВАР собата, не ја променија одлуката.

Сето ова го нагласуваме, бидејќи во вториот дел, за еден таков сличен инцидент, беше досуден пенал за Манчестер сити, по кој Ријад Марез во 57-та минута израмни на 1:1.

За Арсенал, ситуацијата стана уште покомплицирана бидејќи само неколку мигови подоцна Габриел доби црвен картон.

Арсенал играше „машки“ и се држеше до самиот крај, но, Родри во 93-та минута донесе нова предност и победа за „граѓаните“.

Манчестер сити сега има 53 бода, односно 11 повеќе од второпласираниот Челзи кој утре ќе треба да игра дерби против Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести