Арсенал има 10 победи и само еден пораз на „Боксинг деј“ во последните 13 години

Арсенал продолжува во трка со Челзи за четвртото место во Премиер лигата. „Топчиите“ денеска гостуваат кај Брајтон, во меч на кој се фаворити. Лондонскиот тим победил на две од последните три гостувања кај овој противник, но интересно е тоа што Брајтон на сите три средби дал по два гола.

Фактот дека мечот се игра на „Боксинг деј“ дополнително го радува Арсенал. Тимот има одличен ефект од 10 победи, еден пораз и две ремиja во последните 13 години, кога играле на Божиќното коло. Брајтон е во криза и ги загуби последните три средби во Премиер лигата, но очекува таа лоша низа да сопре токму против Арсенал.

Брајтон на свој терен сезонава во осум дуели има четири победи и две ремија, но и два порази од лондонските ривали Тотенхем и Челзи. Интересно е што и Арсенал во осумте гостувања има четири победи и по две ремија и два порази. „Топчиите“ играат офанзивно и често даваат и примаат голови, а и меѓусебните дуели со овој ривал секогаш биле интересни и ефикасни.

 

 

- Оглас -

Најнови вести