Арсенал со 2:0 победи на гостувањето кај Лестер во меч од 25 коло на Премиер лигата. Со оваа победа Топчиите стигнаа до 53 бодови и се доближија на само четири бодови до лидерот Ливерпул, кој утре на свој терен игра против Вулверхемптон.
Долго време се мачеше Арсенал да го скрши отпорот на домаќините, кои се во зоната за испаѓање. Клучниот момент се случи во 69 минута кога тренерот на Топчиите Микел Артета во игра го вменсе Микел Мерино.
Шпанскиот репрезентативец за помалку од 20 минути на теренот постигна два гола и е херојот на тимот од Лондон. Првиот пат погоди со глава во 81 минута за предност од 1:0. Сите дилеми беа решени кога во 87 минута Мерино по втор пат го матираше голманот на Лестер.