32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Арсенал како да заборави да победува, три од шесте меча завршија со ист резултат (Видео)

Арсенал останува лидер во Премиер лигата, но Топчиите како да влегоа во резултатска криза. На свој терен, Арсенал одигра само 1:1 против Брентфорд, во меч од 23. коло, па сега со 51 бодови е лидер со шест бодови повеќе од Манчестер сити.

Топчиите важеа за големи фаворити пред мечот, но Брентфорд се покажа како жилав ривал. Радоста за домаќините стигна со гол во 66 минута, но радоста траеше само осум минути, затоа што Тонеј израмни во 74 минута, што на крајот се покажа како конечен резултат, во дуелот кој траеше повеќе од 100 минути.

Во претходното коло Арсенал загуби на гости кај Евертон, а претходниот меч го загуби од Манчестер сити, но тоа беше во ФА Купот, од каде се елиминирани. Ова е прв пат сезонава, Топчиите да спојат три натпревари без победа.

Резултатот 1:1 беше конечен и на првиот денешен дуел меѓу Вест хем и Челзи, а со ист резултат заврши и мечот меѓу Кристал Палас и Брајтон. Малку фалеше 1:1 да биде и на средбата Саутхемптон – Вулверхемптон, но Волците погодија во 87 минтуа за триумф од 2:1 на ова гостување.

Домашниот терен единствено го искористија Фулам кој со 2:0 го победи Нотингем форест, како и Лестер кој со убедливи 4:1 беше подобар од Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести