Челзи потроши над 300 милиони евра за засилувања и се специјализираше за нерешени резултати

Лондонското дерби меѓу Вест хем и Челзи заврши без победник, а иако на теренот беа постигнати дури пет гола, на крајот резултатот беше 1:1. Дури три погодоци беа поништени поради офсајд позиции. Два пати за џабе се радуваа гостите, а во вториот дел, гол од офсајд постигнаа и Чеканите.

Головите кои бројат беа постигнати во првиот дел. Двете големи засилувања на Челзи, беа творци на погодокот за Челзи и водството од 1:0. Жоао Феликс по асистенција на Енцо Фернандез погоди за радост на гостите во 16 минута. Предноста на Челзи кратко траеше. Емерсон кој има играно за Челзи, погоди во 28 минута и израмни на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

За Челзи ова е трет нерешен резултат во низа, во Премиер лигата и со 31 бодови од 22 кола е на деветото место на табелата. Вест хем има 20 бодови, само два повеќе од Евертон кој е во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести