Арсенал ќе навива Монца да не испадне од Серија А, причината е соиграч на Несторовски во Удинезе

Интересен договор склучија англискиот гигант Арсенал и новиот италијански прволигаш Монца, со кој Пабло Мари, фудбалерот на Топчиите, ќе остане во Италија, бидејќи досега играше за Удинезе, но ќе го смени клубот.

Арсенал прифати да го испрати дефанзивецот во Монца и ќе навива новиот калчолигаш да не испадне од Серија А.

Ако Монца успее да го продолжи прволигашкиот статус, тогаш ќе мора да го откупи договорот на Мари со Арсенал бидејќи е договорена клаузула за задолжителен откуп.

Шпанецот не се покажа како квалитет за англиската Премиер лига откако беше член и на Манчестер сити и Арсенал, па честопати беше позајмуван.

За актуелниот првак од Манчестер не одигра ниту еден меч и од 2016 до 2019 година беше праќан на позајмици во Жирона, Нац Бреда и Депортиво Ла Коруња.

Потоа му беше продаден на Фламенго, а оттаму се пресели во Арсенал, но и кај Топчиите не потврди дека е штоф за Премиер лигата.

На почетокот на оваа година беше позајмен во Удинезе, а сега ќе игра и за Монца, со истиот статус, позајмен фудбалер од Арсенал.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести