9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Дури на седум меча повеќе од две третини од прогнозерите се согласни за тоа кои екипи ќе победат

Во 17-тото коло на Спортската прогноза повторно се мечеви од најсилните пет лиги во Европа. Од понудените 13 средби, дури на седум, прогнозерите кои досега ги дадоа своите фиксови се согласни кои се фаворитите за победа. Со над 66 отсто шанси за победа досега се: Вердер на свој терен против Борусија М., Брајтон на свој терен против Евертон, како и победи пред своите навивачи на Калјари и Ливерпул во пресметките со Верона и Њукасл.

Над 66 отсто од прогнозерите веруваат дека Вилјареал ќе слави на гости кај Осасуна, а со над 70 отсто сигурност прогнозерите очекуваат да има „кецови“ на мечевите на кои Анже и Атлетико Билбао се домаќини против Мец и Реал Сосиедад.

Како во секое коло така и сега, главен предизвик на прогнозерите ќе биде да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 фиксови. Доколку успеат во тоа, главната премија е освојување на iPhone 16.

За погодени 12 фиксови премијата е вредносен ваучер од 1.000 денари, додека 11-ка вреди ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести