Микел Артета и Арсенал ќе почекаат за освојување на трофеј, бидејќи Манчестер сити на крилјата на одличниот Нико О’Рајли е освојувачот на англискиот Лига куп.
Тоа би значело дека учителот беше подобар од ученикот и ја доби првата битка оваа сезона, а Пеп Гвардиола и Микел Артета главната борба ќе ја водат за титулата во Премиер лигата.
21-годишниот фудбалер со головите во 60-тата и во 64-тата минута им го донесе првиот трофеј на „граѓаните“ по пауза од една сезона.
Арсенал последниот голем трофеј го освои во 2020 година, кога триумфираше во ФА купот, а во 2023 година славеа и во Комјунити купот.

