7.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Арсенал купи шпански голман само за шест милиони евра

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага ќе биде нов чувар на мрежата на Арсенал. Трансферот го објави најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, кој тврди дека Tопчиите ја активирале откупната клаузула од шест милиони евра и ќе го купат голманот на Челзи, кој минатата сезона беше позајмен во Борнмут.

За Арсенал ова ќе биде второ засилување, по Мартин Зубименди, и повторно се работи за Шпанец, а Tопчиите се споменуваат како заинтересирани речиси за секој фудбалер кој ќе се појави на трансфер-пазарот, но во моментов остануваат само на две засилувања за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести