Арсенал минимално до три бода, „страшен“ кикс на Манчестер сити! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал успеаја да дојдат до минимален триумф од 0-1 на гостувањето кај Брајтон и на тој начин да го искористат неверојатниот кикс на Манчестер сити, па сега имаат +7 на врвот од Премиер лигата, но и натпревар повеќе од „граѓаните“.

Херој на „топчиите“ беше Бакајо Сака, кој го постигна единствениот гол на мечот уште во деветтата минута.

Манчестер сити двапати имаше водство пред својата публика против Нотингем Форест, но на крајот одигра само реми, 2-2, па само си ја компликуваше ситуацијата во битката за титулата.

Семењо во 31-вата и Родри во 62-рата минута носеа предност од 1-0, односно 2-1 за „граѓаните“, но гостите двапати успеваа да израмнат. На крајот ниту 21 удар кон противничкиот гол не беа доволни за избраниците на пеп Гвардиола да победат.

Челзи победи со убедливи 1-4 на гостувањето кај Астон вила и тоа откако домашните први дојдоа во водство уште во втората минута. Жоао Педро постигна хет-трик, а еден гол беше дело на Кол Палмер.

- Оглас -

Најнови вести