Арсенал ремизираше 1-1 на гостувањето кај Брајтон и освои бод кој привремено го искачи на четвртото место на премиерлигашката табела. Лондонските „топчии“ ќе останат таму ако Челзи вечер не победи против Ватфорд.
Обамејанг со својот 13-ти гол сезонава погоди за предност на Арсенал во седмата минута, а изедначи Јирген Локадија во 35-тата минута. Во второто полувреме мрежите останаа мирни, па на дуелот одигран на јужниот брег на Англија двата тима мораа да се задоволат со по еден бод. За три дена, Брајтон повторно ќе игра пред своите навивачи против Евертон.
Екипата на тренерот Унаи Емери има црна серија од девет гостувања едноподруго на кои прима барем по еден гол. Неславниот рекорд на Арсенал е 11 гостувања по ред со примени голови, серија која им се случи од февруари до октомври 2010 година.