Арсенал не го дава „своето“ место и најавува кам-бек во ЛШ по пауза од пет години

Победата од 2:0 над Лестер, ја врати екипата на Арсенал на четврттото место во Премиер лигата.

Топчиите, кои бараат настап во Лигата на шампионите по пауза од пет години, со погодоците на Томас Парти во 11-та и Александар Лаказет кој погоди од пенал во 59-та минута, дојдоа до три многу драгоцени поени.

Сега тимот од Лондон има 51, односно еден повеќе од Манчестер јунајтед, но голема е предноста за Арсенал кој има и дури три натпревари помалку.

- Оглас -

Најнови вести