Арсенал немаше проблеми, додека Челзи се мачеше и победи на пенали (Видео)

Челзи мораше дури по подобро изведување на пеналите, да обезбеди место во четвртфиналето на Лига купот во дуелот против Саутхемптон. По регуларните 90 минути беше 1:1, откако Кај Хаверц погоди за домаќините на „Стемфорд бриџ“, но Че Адамс израмни на стартот на вториот дел.

До крајот на регуларниот дел немаше промена на резултатот, па според правилата во овој Куп, веднаш се шутираа пенали. По првите три серии, двата тима погодија двапати, а по еднаш и промашија. Клучниот момент беше промашувањето на Смалбоун, кој шутираше високо над голот, додека Чилвил и Џејмс беа прецизни за Челзи, кој на крајот го доби пенал-рулетот со 4:3. Пенал-драмата може да ја видите ТУКА.

За разлика од Челзи, Арсенал немаше проблеми и на свој терен со 2:0 го победи и го елиминира Лидс. Чемберс, кој во игра влезе во 55-тата минута, само неколку секунди подоцна со првиот допир со топката ги доведе Топчиите во водство од 1:0. До крајот на мечот, домаќините дадоа и втор погодок за сигурна победа.

Во следната фаза продолжи и Сандерленд кој издржа без голови на гости кај Квинс парк ренџерс, а на пенали гостите победија со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести