Арсенал конечно се врати на победничките патеки во Премиер лигата со убедлив триумф од 3-0 против Нотингем Форест. Овој триумф е прв за Топчиите на Микел Артета по четири натпревари без победа.
Букајо Сака го отвори резултатот, додека Томас Парти го зголеми водството. Во завршницата на натпреварот, младиот Етaн Нуанери ја потврди доминацијата со својот погодок.
Астон Вила и Кристал Палас одиграа возбудлив натпревар и ремизираа 2-2, а Брајтон славеше на гости кај Борнмут со 1-2.
Вулверхемптон забележа импресивна победа од 1-4 против Фулам на гостински терен.
Евертон и Брентфорд одиграа натпревар без голови, 0-0.