Арсенал подготвува сензационален трансфер за крај на преодниот рок

Арсенал е еден од тимовите кои се најактивни на трансфер пазарот барем според шпекулациите кои ги нудат светските медиуми. Најновата најава е дека Топчиите тргнале да го доведат Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

Младиот 22-годишен офанзивен играч имаше одлична сезона во Атлетик Билбао, постигнувајќи осум гола, плус 19 асистенции во 37 меча во сите натпреварувања. Вилијамс блесна и во дресот на шпаснката репрезентација ова лето и беше еден од најзаслужните што Црвената фурија стана нов европски првак.

Токму затоа, тренерот на Арсенал, Шпанецот Микел Артета сака да ја искористи последната шанса и да го доведе Вилијамс во Лондон. откупната клаузула на Вилијамс е 55 милиони евра и се верува дека тоа не треба да преставува некој голем проблем за Арсенал.

Сепак, дури и двата тима да се договорат, Вилијамс треба да сака да направи трансфер во лондонскиот тим. Досега Вилијамс неколку пати покажал дека е лојален на Атлетик Билбао, но има уште помалку од 10 дена да се случи евентуален трансфер и тој да си замине од клубот во кој се приклучи од неговата 11 година.

- Оглас -

Најнови вести