6.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Арсенал покажа шампионска моќ и ја растури Астон вила, која имаше 11 победи по ред (Видео)

Арсенал одигра моќно во второто полувреме и убедливо славеше над Астон вила со 4:1 во дербито на 19-тото коло во англиската Премиер лига. Интересно е дека во првото полувреме немаше голови, но потоа Топчиите се распукаа во вториот дел.

Во 48-мата минута дефанзивецот Габриел даде гол по изведен корнер, што е 11-ти погодок сезонава за лондонскиот тим по удар од аголот. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Само четири минути подоцна Арсенал поведе со 2:0, и тоа со голот на Зубименди, погодок кој може да го погледнете ТУКА.

До крајот на средбата доминираше Арсенал, а домаќините се радуваа и на погодоците на Тросар во 69-тата минута и на Габриел Жезус во 86-тата минута. Астон вила постигна почесен гол преку Воткинс во 90+4 минута. Со овој пораз Астон вила ја заврши перфектната низа од 11 победи по ред во сите натпреварувања.

Арсенал ќе влезе во 2026 година како лидер на табелата со 45 бода, пред Манчестер сити, кој има 40 бода, но и меч помалку. Астон вила останува на третото место со 39 бода.

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ се посрамоти откако не успеа да го победи Вулверхемптон и на крајот беше 1:1. Црвените ѓаволи беа големи фаворити за победа, затоа што гостите се убедливо најслаб тим во лигата, кој во претходните 18 меча имаше освоено само два бода (две нерешени и дури 16 порази).

Зиркзе погоди за водство на Манчестер во 27-мата минута, а Вулверхемптон израмни во 45 минута преку Крејчи. Во вториот дел немаше погодоци. Манчестер јунајтед е на шестото место со 30 бодови, а Волците со само три бода остануваат заковани на дното на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести